Генерацијата 2005 на ФК Вардар успеа да се пласира во големото финале на силниот меѓународен турнир „Црно Море Куп“ кој се игра во Несебар. Момците на Зоран Петковски победија и на четвртиот меч во групата и на тој начин обезбедија пласман во финалето на турнирот.
Денес нашите млади надежи ја победија екипата на Дусхс од Украина, со резултат 3:0. Три различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој меч. Тоа беа Филип Јовановски, Никола Уневски и Кристијан Таневски.
На претходните три меча, ги совладавме екипите на Нефтохимик (1:0), Бургас Спорт (6:1) и Јунорул (4:0). Во среда се игра големото финале, а противник најверојатно ќе ни биде екипата на Спортул од Молдавија.