Во рамките на 12.коло во ПМФЛ, ФК Вардар е домаќин на тимот на Брера Струмица.
Натпреварот е закажан да се одигра во недела (29.10) со почеток од 13:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.
Јован Качевски од Струга ќе биде главен судија, додека негови помошници ќе бидат Слаѓан Маркоски од Гостивар и Разме Бакрачески од Струга.