Во рамките на 28.коло во ВМФЛ, Вардар ќе биде домаќин на екипата на Тетекс.
Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток од 17:00 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во населбата Маџари.
Ова е претпоследен натпревар за црвено-црните на домашен терен.
Стојанче Стојанов од Штип ќе биде главен судија, додека ќе му помогаат Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев од Штип.
Вардар се наоѓа на 3.место на табелата со 62 бодови, додека Тетекс е на 14.место со 22 бодови.