Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Младинките со победа кај Илинден патуваат како лидери на Ф-4

Младинките со победа кај Илинден патуваат како лидери на Ф-4

FB_IMG_1683218347110

Младинките на ЖРК Вардар со победата, денес кај Илинден го потврдија учеството на Ф-4 како лидер во групата.

FB_IMG_1683218330278

Ривалот поведе на почетокот, ние со два гола на одличната особено пролетва, Стефаноска го преземавме водството (1-2). Илинден успеваше да парира во почетните минути на мечот дури  и на средината на првиот дел изедначи на 5-5. Вардарки заиграа поангажирано во одбраната, на голот Ѓорѓиевска одбрани два удара па со серија 0-4 поведовме со 5-9 по голот на Борјана Коцева од контра. Од минута во минута бевме подобро па разликата и порасна на одмор заминав е со шест гола повеќе, односно со резултат 9-16 за нас.

FB_IMG_1683218341253 FB_IMG_1683218344277 FB_IMG_1683218338074

Во вториот дел на овој последен дуел од младинската група-А во која со максимални 30.бода патуваме на Ф-4 се беше како во првиот дел. Вардарки беа поконкретен противник во салата “Гоце Делчев”  и победија со 32-19.

FB_IMG_1683218334223 FB_IMG_1683218327085 FB_IMG_1683218324229

Коцева Бојана даде 6.гола, по 5.гола имаа Коцева Борјана и Попова Нина, а Сара Стефаноска додаде 4.погодока.

FB_IMG_1683218317483 FB_IMG_1683218321118

На голот Вероника Ѓорѓиевска одбрани 6.одбрани, а Марија Галачева сопре 5.топки.