Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски: Против Алкалоид да покажеме зошто сме освојувачи на двојната круна
Недановски: Против Алкалоид да покажеме зошто сме освојувачи на двојната круна

Недановски: Против Алкалоид да покажеме зошто сме освојувачи на двојната круна

Екипата на Алкалоид, ќе биде противникот на РК Вардар во полуфиналето на Купот. Натпреварот ќе се одигра на 11.мај во Охрид. После извлекување на ждрепката, очекувањата за натпреварот, на официјалната страна на клубот ги сподели шефот на стручниот штаб, Владо Недановски, кој го изјави следново:

Секој меч е нова битка, нова приказна, нов предизвик. На крајот од сезоната нема веќе лесни натпревари. Со Алкалоид сезонава се сретнавме четири пати, и тие покажуваат дека напредуваат од меч во меч. Секој ривал го репсектираме, и така е секогаш. Знаеме дека Купот е меч во кој нема поправен. Решаваат нијаси во квалитетот. Пред нас е период на многу важни средби, и целосно сме фокусирани на овој дел од сезоната. Единствено посакувам да бидеме комплетни и здрави, и да покажеме зошто сме освојувачи на двојната круна во Македонија.