Фудбалскиот клуб Вардар на својата официјална страница го објави следново:
Време е ФК Вардар да го каже својот збор. Доста беше!
Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција, која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром, а која симболично ќе започне во 5 за 12, односно во 11:55ч
Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат, со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата, на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат, а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот !
Прес-конференцијата ќе биде емитувана во живо на официјалните страници на ФК Вардар и н.г. “Комити Запад”.