Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шест голови во мрежата на Скопје од генер. “2004′ на ФК Вардар кои остануваат со стопроцентен ефект во лигата
Шест голови во мрежата на Скопје од генер. “2004′ на ФК Вардар кои остануваат со стопроцентен ефект во лигата

Шест голови во мрежата на Скопје од генер. “2004′ на ФК Вардар кои остануваат со стопроцентен ефект во лигата

После освојување на националниот куп, генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година забележаа нова победа, во рамките на регионалната-скопска лига. Утрово избраниците на Игор Кралевски гостуваа на теренот во Нова Колонија, на екипата на Скопје. Мечот убедливо им припадна на црвено-црните со резултат од 0:6

Вардар: Гигов, Јаневски, Милошевски, Љушев, Анчевски, Серафимов, Дошев, Хајдари, Каровски, Попов, Гуџуфи.

Уште по првото полувреме имавме водство, кога резултатот беше 0:2. Резултатот на овој дуел го отвори Игор Јаневски, кој погоди на додадена топка од Дошев, за водство на црвено-црните од 0:1. Вториот гол на натпреварот го постигна Бесар Гуџуфи, кој излезе во празно со голманот се ослободи од него и ја смести топката во празната мрежа, за предност од 0:2.

Во вториот дел во листата на стрелци се запиша и Ѓорѓи Дошев, кој погоди за предност од 0:3. Скопје беше во подредена улога на овој дуел, додека Вардар беше тимот кој напаѓаше на нивната половина. Во продолжение од мечот следуваа два голови на Георг Стојановски, кој се наоѓаше на вистинското место, откако претходно шутираше Павлески, голманот најпрво одбрани, на одбиените топки стигаше Стојановски, за предност од 0:5. Последниот гол на мечот беше дело на Никола Павлески кој со лоб удар го измами противничкиот голман, а претходно му асистираше Курти, за конечен резултат од 0:6.

Во игра уште влегоа Сурлов, Ивановски, Левент, Павлески, Курти и С.Стојановски.