Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2003“ го “растури“ Скопје и се промовира во старо-нов шампион на регионалната-скопска лига

ФК Вардар генер. “2003“ го “растури“ Скопје и се промовира во старо-нов шампион на регионалната-скопска лига

Фудбалскиот клуб на Вардар со генерацијата родени “2003“ година успеа да ја одбрани титулата во регионалната-скопска лига. Денес на теренот во Нова Колонија, избраниците на “Чунга Лунга“ убедливо ја совладаа екипата на Скопје, со резултат 0:6 и на тој начин пред две кола до крајот се промовираа во шампиони на Македонија.

Вардар: Стојковски, Марковски, Трпезановски, Ѓорѓоски, Сељанац, Давидовски, Стојановски, Алими, Мирков, Прелоговски, Андрески.

По првото полувреме црвено-црните имаа солидно водство од 0:3, беа решени сите дилеми околу победникот да ги решат во првите 40 минути. Антонио Мирков беше играчот кој успеа да му донесе водство на Вардар од 0:1, откако истиов играч беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник по што беше досуден удар од 11 метри. Истиот успешно го реализира Мирков, за отварање на резултатот. Вардар го зголеми водството преку Влатко Стојановски кој успешно погоди за предност од 0:2. До крајот на првиот дел уште еден гол во мрежата на Скопје, дело на капитенот Петар Давидовски.

Во вториот дел постигнавме уште три голови во противничката мрежа. Најпрво на 0:4 со својот прв погодок зголеми Марио Петрушевски, следеше и петти гол за 0:5 дело на Антонио Мирков и последниот гол беше по одлична акција на Давидовски, Трпезановски, Тасевски и Мирков, а реализатор беше Давидовски за конечни 0:6

На две кола пред крајот оваа генерација на Вардар има осум бодови повеќе од екипата на Шкендија и се промовира во шампион на регионалната-скопска лига. До крајот на сезоната остануваат мечевите со Милано на домашен терен и оној против Шкендија, на теренот во Тетово.