Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2004„ несреќно поразена од Зрински, на турнирот во Никшиќ
Вардаровата генер. “2004„ несреќно поразена од Зрински, на турнирот во Никшиќ

Вардаровата генер. “2004„ несреќно поразена од Зрински, на турнирот во Никшиќ

Генерацијата на ФК Вардар родени “2004„ година го стартуваа турнирот во Никшиќ. Утрово нашите млади надежи беа несреќно поразени од екипата на Зрински, дури по изведување на ударите од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.

Тренерот Георгиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Павлески, Јаневски, Милошевски, Љушев, Каровски, Хајдари, Дошев, Попов, Ибраим, Гуџуфи.

Противникот прв успеа да го отвори резултатот на овој дуел. Иако имавме голем број на шанси, не успеавме долго време да ја затресеме мрежата на Зрински, а погодокот за израмнување дојде на три минути пред крајот на мечот, кога погоди Бесар Гуџуфи. Се играа две полувремиња по 35 минути.

Се пристапи директно кон изведување на пенали, каде посупешен беше тимот на Зрински, кој славеше со резултат 7:6. За Вардар во пенал серијата погодија, Максим Милошевски, Бесар Гуџуфи, Сандро Каровски, Никола Павлески, додека Левент Ибраим промаши за триумф. Потоа погодија уште Матеј Богдановски и Стефан Стојановски, а промаши Давор Серафимов, по што противникот успеа да слави.