Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација “2005“ го освои силниот меѓународен турнир “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад
Вардаровата генерација “2005“ го освои силниот меѓународен турнир “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад

Вардаровата генерација “2005“ го освои силниот меѓународен турнир “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ го освоија турнирот “Илија Пантелиќ“ кој вчера и денес се играше во Нови Сад. Избраниците на Ане Андовски остварија пет победи од шест натпревари, на кои имаа и еден нерешен резултат во групната фаза.

Утрово се играа елиминациските натпревари, а во четврфиналето Вардар се сретна со екипата на ГДМ 021, која ја совлада убедливо со резултат од 3:0 и на тој начин се пласиравме во полуфиналето. Последната пречка кон големото финале ни беше екипата на Бамби о. Тука се играше цврст натпревар и само еден гол го реши победникот, а него го постигнаа црвено-црните, за минимален триумф од 1:0.

Во големото финале, избраниците на Андовски за противник го имаа тимот на Раднички Шид. Тука бевме доминантни и остваривме исто така голема победа, за “печат“ на добриот настап на овој турнир. Раднички не беше ни достоен противник за нашите млади надежи кои победија со резултат од 4:0.

vardarfans-gener-2005

Одлично издание за оваа надежна генерација на Вардар, која на сите натпревари ги надигра своите противници. Честитки за играчите и тренерот Ане Андовски.