Вардаровата генерација 2005 е победник на младинскиот турнир во Несебар ( Бугарија). Избраниците на Зоран Петковски во конкуренција на десет екипи го освоија првото место, откако во големото финале ја победија екипата на Спортул од Молдавија.
Вардарци славеа дури после изведување на удари од белата точка, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 2:2. Црвено-црните имаа добиен натпревар, откако со головите на Никола Величковски и Матеј Гаштаров имаа предност од 2:0, на пет минути пред крајот на финалето. Сепак во последните пет минути од мечот, после наши грешки, дозволивме на противникот да го израмни резултатот на 2:2 и да го донесе финалето на пенали.
Сепак после изведување на удари од белата точка, вардарци останаа поприсебни и успеаа да слават со резултат 4:2. За Вардар во пенал рулетот погодија: Филип Јовановски, Горјан Цветков, Тино Спасиќ и Матеј Гаштаров.
На претходните четири меча, ги совладавме екипите на Нефтохимик (БУГ) (1:0), Дусхс (УКР) (3:0), Бургас Спорт (БУГ) (6:1) и Јунорул (МОЛ) (4:0).
Видеото од завршната церемонија, на која беа доделени медалите и трофејот за шампионскиот тим на Вардар, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.