Генерацијата на ФК Вардар составена од играчи родени 2007 година успеа да се пласира во полуфиналето на силниот меѓународен турнир „Пирин Куп“. Утрово, избраниците на „Чунга Лунга“ во 1/4 финалето убедливо ја победија екипата на Витоша 13 со резултат 0:4.
Самиот резултат говори за доминацијата на вардаровите надежи на овој дуел. Едноставно квалитетот беше на наша страна, а Вардар целосно го надигра својот противник. Иван Блажевски беше играчот кој успеа да го отвори резултатот за 0:1, додека во продолжение од мечот следеа два гола за Борјан Томовски кој зголеми на 0:3, по што беа јасни работите околу конечниот победник. До крај на мечот во листата на стрелци се запиша и вардаровиот стопер, Лука Атанасовски кој ги постави конечните 0:4 на овој четврт-финален меч на турнирот „Пирин Куп“. Честитки до целата екипа, која го одигра овој натпревар во едно силно темпо и на крајот заслужено ја однесе победата.
Денес не очекува и полуфиналето, додека утре е завршниот ден на турнирот, на кој ќе биде познат конечниот пласман на екипите.