Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар ги играат последните контролни натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Пионерите под водство на Милан Коцески на теренот во Ѓорче одиграа пријателски натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П. Црвено-црните славеа убедливо со резултат 0:5. Антонио Мирков беше играчот кој успеа да го отвори резултатот за 0:1, откако успеа да погоди од белата точка. До крајот на првиот дел го зголемивме водството на 0:2 со погодокот на стоперот, Филип Ѓоргоски. Одличната игра продолжи и во второто полувреме, период во кој постигнавме нови три голови. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Лео Андрески кој му донесе предност на Вардар од 0:3. До крајот на мечот успеавме да постигнеме уште два гола. Сулејман Исмаиљи беше играчот кој зголеми на 0:4, додека конечните 0:5 на овој пријателски дуел ги постави Петар Давидовски кој погоди од пенал.
Вардар: Јовчев, Јовановски, Ѓоргоски, Сељанац, Давков, Ѓорѓиевски, Стојчевски, Давидовски, Мирков, Живков, Андрески.
Во игра влегоа: Исмаиљи, Марковски, Трпезановски и Саит. На овој меч недостасуваа Лука Стојковски кој настапи за кадетите како и Георг Стојановски кој имаше собир со репрезентацијата до 16 години.
Кадетите на Вардар преводени од Филип Ивановски на теренот на Академијата одиграа пријателски меч со првиот тим на ФК Скопје. Очекувано дуелот го доби поискусната и повозрасна екипа на Скопје која е предводена од Марковски-Калц. Конечниот резултат на овој меч гласеше 1:3. На полувреме резултаот беше 0:2. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Фисник Салиу.
Вардар: Стојковски, Радуловиќ-Величковиќ, Крстевски, Мицевски, Петејчук, Асани, Гугуљанов, Ристовски, Андоновски, Салиу, Демири.