Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Македонија У16 ќе одигра контролни дуели со БИХ, четворица вардарци во составот за овие мечеви
Македонија У16 ќе одигра контролни дуели со БИХ, четворица вардарци во составот за овие мечеви

Македонија У16 ќе одигра контролни дуели со БИХ, четворица вардарци во составот за овие мечеви

Утрово македонската фудбалска репрезентација до 16 години замина за Босна и Херцеговина, каде во претстојниве денови ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на БИХ.

Селекторот на Македонија, Драган Канатларовски за овие мечеви повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Стефан Тасев, Никола Павлески, Бесар Гуџуфи и Георг Стојановски. Поради болест повикот го откажа Игор Јаневски, додека од истата причина својот деби настап во националниот дрес го откажа и Стефан Стојановски кој беше дополнително повикан во репрезентацијата.