Генерацијата на ФК Вардар родени 2008 година се наоѓа во Бугарија, каде од денес стартува со настапи на турнирот “Тракиски Хотелиери“
Вардарци се дел од групата А, во која се уште и екипите на Симитли, Локомотив Пловдив и Орлета. Во групата Б ќе се натпреваруваат екипите на А.Пандев, Мињор, Левски Раковски и Лион Пловдив.
Во групата Ц се екипите на Левски Софија, Оборише и Черноморец.
На денешниот прв натпреварувачки ден ќе одиграме два натпревари. Најпрво се сретнуваме со екипата на Орлета, додека попладне ќе играме против екипата на Локомотив Пловдив.