Генерацијата 2008 на ФК Вардар на турнир во Бугарија. Избраниците на Влатко Колев во периодот од 14-18.февруари ќе се натпреваруваат на „Пирин Куп“, на кој учество ќе земат 12 екипи поделени во три групи.
Вардар е дел од групата Б, во која се уште и екипите на Кул (Скопје), Септември Софија 2 ( Бугарија) и Дачија (Молдавија).
Со настапи започнуваме во среда, а прв противник ќе ни биде екипата на Септември Софија.