Во рамките на 1.коло во Плеј-Оф на ракометната Супер Лига, РК Вардар е домаќин на екипата на РК Пролет. Натпреварот е закажан да се одигра во понеделник (13.02) во малата сала на С.Ц. Јане Сандански со почеток од 18:00 часот.
Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола се делегирани како судии за овој натпревар, додека делегат ќе биде Игор Огненов, исто така од Битола.
Вардар и Еурофарм Пелистер се главни претеденти за освојување на Шампионската титула, и двата тима влегоа со максимални 3 бодови во овој дел од разигрувањето за трофејот. Вардар е голем фаворит на натпреварот со Пролет и се освен висок триумф ќе биде изненадување.