Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. „2008“ на турнир во Струмица, “Пандев Куп 2019“
ФК Вардар генер. „2008“ на турнир во Струмица, “Пандев Куп 2019“

ФК Вардар генер. „2008“ на турнир во Струмица, “Пандев Куп 2019“

Генерацијата на ФК Вардар родени „2008“ година од утре ќе бидат дел од меѓународниот турнир „Пандев Куп 2019“.

Во оваа возрасна категорија ќе се натпреваруваат вкупно 16 екипи, кои ќе бидат поделени во четири групи. Вардарци се дел од групата Б, во која се наоѓаат уште и екипите на Ќустендил Стојанов, Талент и Њу Старс. Првиот меч го играме утре против екипата на Талент, со почеток од 11:20 часот. Второто коло на програмата е во петок, кога за противник ја имаме екипата на Њу Старс.

Во пролетниот дел оваа генерација на Вардар има нов тренер, тоа е Влатко Колев, за кој ова ќе бидат први официјални мечеви за него како предводник на генерацијата „2008“.