Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Даниел Ѓорѓески и Вардар спогодбено го раскинаа договорот
Даниел Ѓорѓески и Вардар спогодбено го раскинаа договорот

Даниел Ѓорѓески и Вардар спогодбено го раскинаа договорот

Голманот Даниел Ѓорѓески и Вардар спогодбено го раскинаа договорот и тој веќе е слободен играч. Младиот голман беше дел од првиот тим, а претходно настапуваше и за екипата на Вардар Јуниор. Ѓорѓески имаше оперативен зафат на коленото, каде имаше проблеми со менискусот, а имаше интервенција и на предниот вкрстен лигамент. Поради тоа го пропушти целиот подготвителен период на својот тим и речиси половина натпреварувачка сезона. Се врати со тренинзи, но не можеше да се избори за место на голот, покрај Милосављев и Гедбан.

Неговиот следен тим ќе биде од Супер-лигата, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е екипата на Пелистер.