Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Супериорните вардарци од генер. 2008 ќе играат во 1/4 финалето на детската лига, откако денес убедливо ја совладаа А.Пандев
Супериорните вардарци од генер. 2008 ќе играат во 1/4 финалето на детската лига, откако денес убедливо ја совладаа А.Пандев

Супериорните вардарци од генер. 2008 ќе играат во 1/4 финалето на детската лига, откако денес убедливо ја совладаа А.Пандев

Генерацијата на ФК Вардар родени 2008 година успеа да се пласира во 1/4 финалето од детската лига, откако денес на терените на ФФМ ја совладаа убедливо екипата на Академија Пандев.

2

Иако се очекуваше противникот да пружи посилен отпор, тоа не се случи, па нашите млади надежи ја наполнија мрежата на Струмичани. Екипата на А.Пандев ги имаше првите два удари кон нашиот гол, и во двата наврати одбрани одличниот Лука Грчевски. Кај Вардар прв директен удар имаше Матео Кесиќ, додека најголемата шанса за отварање на резултатот ја имаше Лука Трпевски, кој бие покрај голот, откако топка му додаде Блажевски. Откако противникот направи три корни беше досуден пенал за Вардар, а истиот успешно го реализира Арти Азизи, нашиот напаѓач бие силно, голманот за момент ја зафати топката, но таа сепак заврши во неговата мрежа.

3

Не помина многу време, а црвено-црните успеваат да ја зголемат предноста, откако погоди Лука Трпевски за водство од 2:0. Избраниците на Колев беа супериорни над противникот, постојано топката беше во наш посед, додека голманот на А.Пандев имаше многу работа. После еден направен фаул врз Трпевски, судијата покажа на белата точка, а Стефан Бранковски успешно го реализира пеналот, за предност на Вардар од 3:0. До крајот на првиот дел се закани и Ненад Дамјаноски, но одбрани голманот.

5

Во детската лига има правило ако една од екипите има поголема разлика од три гола, другиот тим да има играч повеќе на теренот. И во ваква ситуација, А.Пандев не успеа да создаде некоја голема прилика за погодок, иако правеа обиди за такво нешто. Сепак ние го имаме Лука Грчевски, кој не дозволува така лесно да биде совладан, па брани два удари на пандевци. Кај Вардар се обиде Дамјаноски, кој од прекин бие над голот. Работите околу патникот во следната рунда беа решени, кога со вториот гол на Бранковски, ние имавме високо водство од 4:0. Пенал беше досуден и за тимот на А.Пандев, кој од прва не го реализираат, односно одлично одбрани Грчевски, но судијата реши да го врати пеналот, па од втор обид противникот постигна гол, за намалување на 4:1.

7

Во листата на стрелци во следниот период се запиша и Матеј Киш, за зголемување на 5:1. Последните десет минути од мечот беа рутина за момците на Колев, кои имаа контрола на играта. Со голот на Ненад Дамјаноски од пенал, поведовме и со 6:1, додека истиов играч имаше нова прилика, но шутира за малку крај голот. Добра прилика имаше и Азизи, која остана неискористена. На крајот триумф за Вардар во осминафиналето од детската лига, со конечен резултат од 6:1.

Во текот на утрешниот ден најпрво го играме 1/4 финалето, а доколку победиме истиов ден ќе играме и во полуфиналето.