Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на ЖРК Вардар започнаа триумфално во Никшиќ, победа над РК Дубица
Пионерките на ЖРК Вардар започнаа триумфално во Никшиќ, победа над РК Дубица

Пионерките на ЖРК Вардар започнаа триумфално во Никшиќ, победа над РК Дубица

Денес црвено-црните пионерки  кои се дел од силен меѓународен турнир во Никшиќ (Црна Гора) го одигаа својот прв дуел. Девојките на Платон и Папуџиева кои играат во кадетска конкуренција на турнирот ја совладаа екипата на РК Дубица.

Победата на овој деби дуел на турнирот кој ќе се игра до денес до недела дојде со четири гола позитива, 20-16. Ние одлични го отворивме првиот период, успеавме да ја контролираме играта. Од минута во минута ја зголемувавме предноста која за време на паузата изнесуваше седум гола. На пауза заминавме со резултат 13-6 за нас. Во вториот дел одигравме еднакво умешно, нашите најмлади дами успеаа да бидат подобри од противникот. Единствено што можеше тимот на Дубица да во овој дел е да ја ублажи негативата. Победата ја остваривме со резултат 20-16.

Кај нас три девојки има по четири гола: Мила Пешиќ, и сестрите Борјана и Бојана Коцева. Капитенот Коловска Алекс и Стефановска Сара имаа по два погодока, по еден гол забележаа: Рајовска, Тошевска, Ангеловска и Максимовска.

За поединец број еден на оваа средба беше прогласена девојката со број.91 во нашиот состав, средниот бек Бојана Коцева.
Утре не очекуваат два натпревара, со тимот од Никшиќ- РК Левалеа и словенски РК Крим.