Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар со пресврт ја победија Шкендија и за момент избија на првото место
Пионерите на ФК Вардар со пресврт ја победија Шкендија и за момент избија на првото место

Пионерите на ФК Вардар со пресврт ја победија Шкендија и за момент избија на првото место

Пионерите на ФК Вардар денес на теренот на Академијата на Вардар во Скопје ја пречекаа екипата на ФК Шкендија од Тетово, во рамките на последното коло од пионерската Супер лига. Момците на Игор Кралевски успеаа со пресврт да дојдат до три бода на ова дерби. Победата дојде со резултат 3-1.

Ние натпреварот го започнавме со: Китановски, Петејчук, Гугуљанов, Крстевски, Игнатов, Радуловиќ-Величковиќ, Омерагиќ (c), Речица, Салиу, Демири, Ѓурковски.

3

Дуелот започна со отворена игра на двете екипи, тимот од Тетово прв отвори со погодок. Шкендија успеа да го совлада нашиот голман Китановски и поведе со 0-1. Сепак вардарци успеаа да се вратат во игра и со два гола во првиот период успеаа да направат пресврт. Азер Омерагиќ во 19.минута стрелаше за резултатска симетрија 1-1. Истиот играч повторно беше таличен за ривалот, тој четири минути подоцна успеа да направи целосен пресврт и погоди за 2-1. Во првиот дел Шкендија имаше голема прилика од пенал сепак нашиот голман Китановски Кристијан успеа да го сопре тој удар, па заминавме на одмор со гол предност.

1

Во вториот дел ние успеавме да ја контолираме играта, со офазивен пристап ја чувавме предноста над Шкендија. Успеавме да постигнеме и гол за два плус, со што ја осигуравме победата. Стрелец на овој погодок за 3-1 беше Игнатов Леонид кој погоди во 71.минута од оваа средба. Во вториот дел влегоа уште и Поповски Димитриј и Трајановски Дамјан на местата на: Демири Муас и Гугуљанов Петар.

4

Пионерите за момент избиваат на првото место на табелата, во исчекување на неделниот дуел на Академија Пандев, која гостува кај екипата на Ренова. Во прилог на Вардар оди само пораз на струмичани, во спротивно, екипата на А.Пандев ќе стане шампион на Македонија.