Вардаровата генерација 2008 тргна со две победи на меѓуанродниот турнир во Бјелина. Избраниците на Влатко Колев ги добија своите противници.
На отварањето на турнирот се сретнавме со екипата на Фамос од Сараево, дуел кој го добивме убедливо со резултат 3:0. Три различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој натпревар. Тоа се Арти Азизи, Стефан Бранковски и Матеј Киш.
На вториот дуел за противник ја имавме екипата на Петличи, која ја совладавме со резултат 2:0. Головите беа дело на Арти Азизи и Петар Блажевски.