Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. „2009“ одигра пријателски натпревари со екипата на Форца
Вардаровата генер. „2009“ одигра пријателски натпревари со екипата на Форца

Вардаровата генер. „2009“ одигра пријателски натпревари со екипата на Форца

Вчера на теренот на Академијата, пријателски натпревари со екипата на Форца одигра генерацијата на ФК Вардар родени 2009 година. Избраниците на Зоран Петковски одиграа два меча и забележаа по една победа и пораз.

3

Вардар (2) успеа да излезе како победник на натпреварот против екипата на Форца (2) која ја совлада со резултат 4:1. По првото полувреме, вардарци имаа предност од 2:1. Резултатот на овој дуел го отвори Сулејман Качман кој успеа да погоди со глава, после нафрлена топка од корнер, за предност од 1:0.

2

Уште поубав гол постигна Максим Павловски и тоа директно од корнер, кој успеа да го совлада противничкиот голман и да зголеми на 2:0. До крајот на првото полувреме, екипата на Форца постигна гол и намали на 2:1. Во вториот дел, Вардар успеа да постигне два гола и ја зачува својата мрежа незатресена. Со својот втор гол на дуелот, Максим Павловски зголеми на 3:1, додека конечните 4:1 беа дело на Димитар Ацевски.

 4 5-2

На вториот контролен натпревар се сретнаа екипите на Вардар (1) и Форца (1). Имавме можност да гледаме одличен меч, со многу голови, но и шанси на двете страни. Сепак на крајот поуспешен беше противникот, кој славеше со резултат 2:4, но Вардар загуби по свои грешки од одбраната.

2

Форца беше тимот кој постигна прв гол и поведе со 0:1, за избраниците на Петковски да вратат со маестрален гол на Јаков Стојковски кој успева да ја затресе противничката мрежа со удар директно од корнер, за израмнување на 1:1. На полувреме ниту една од екипите немаа предност, односно резултататот беше 1:1.

1

Во вториот дел добра прилика имаше Марко Петровски, кој не успева да ја реализира, додека Форца погоди пречка. После грешка на нашата одбрана, примивме гол, за ново водство на Форца од 1:2. Со лоб удар, Даниел Колевски успеа да го матира противничкиот чувар на мрежата и да израмни повторно, овој пат на 2:2. Сепак до крајот на мечот, Форца постигна два нови голови и триумфираше со резултат 2:4.

3 4