Дербито во 12. коло од Лигата на Шампионите му припадна на тимот на Веспрем, кој со пресврт во второто полувреме успеа да го совлада Вардар и на тој начин да избие на второто место на табелата, додека црвено-црните се спуштија место подоле на табелата, но со се уште шанси за втората позиција. Избраниците на Дејвис заиграа многу подобро во вториот дел, а човекот на пресврт беше голманот Миклер, кој успеа да одбрани неколку наши зицери и да им помогне на своите соиграчи да го свртат резултатот.
Со оглед дека овој дуел беше прогласен за меч на неделата, на крајот од него, ЕХФ додели награда за најдобар играч на натпреварот, а истата му припадна на Даинис Кристопанс, кој успеа да постигне четири голови.