Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младите вардарци од генер. 2010 ги надиграа своите противници, во денешното коло од детската лига
Младите вардарци од генер. 2010 ги надиграа своите противници, во денешното коло од детската лига

Младите вардарци од генер. 2010 ги надиграа своите противници, во денешното коло од детската лига

Генерацијата на ФК Вардар родени 2010 година денес на терените на ФФМ одиграа два нови натпревари во детската лига. Противници ни беа екипите на Беса и Работнички, над кои издвојувавме сигурни победи.

Особено доминантен беше тимот на Вардар (1) кој со 16:0 го победи тимот на Беса. Одлична игра за нашите најмлади вардарци, кои освен постигнатите голови прикажаа и убава игра за око, со многу прецизни додавања и успешни акции, од кои голем дел ги претваравме во голови.

По само две минути игра голеадата ја отвори Стефан Ристиќ кој му донесе водство на Вардар од 1:0. Набргу стигнаа и два нови гола во противничката мрежа, а истите беа дело на Далибор Марковиќ кој го зголеми нашето водство на 3:0. Ристиќ беше играчот кој имаше две прилики, но успешно одбрани голманот на Беса. Прв обид имаше и противникот, но одбрани нашиот голман. Во листата на стрелци кај нас се запишува и Марко Јовановски, гол со кој зголемивме на 4:0.

2

Одлична акција на Вардарци, Марковиќ додаде до Ристиќ, кој со својот втор гол зголеми на 5:0. Имаше шанса и Илиќ, но шутира покрај голот. До крајот на првиот дел во листата на стрелци се запиша и одличниот Матеј Чедевски, за резултат 6:0 по истекот на првите 20 минути.

И во второто полувреме, црвено-црните доминираа  на теренот, едноставно не им дозволивме на Беса да се поврзат со топката. Ние продолживме со офанзивната и точна игра на теренот, а Марко Јовановски е играчот кој прв погоди во вториот дел за предност од 7:0. Хет-трик запиша и Стефан Ристиќ, што значеше и зголемување на реултатот на 8:0.

1 4

Во следниот период следеа три последователни голови за Вардар и сите беа дело на еден ист играч, се работи за Далибор Марковиќ, со кои поведовме со 11:0. Голеадата ја продолжи Ристиќ и тоа со два гола по ред, за предност на Вардар од 13:0. Откако Чедевски успешно го проигра Дарио Илиќ, овој погоди прв пат денес за водство од 14:0. Последните два гола на дуелот беа дело на Матеј Чедевски и Дарио Илиќ, за конечен резултат од 16:0.

До триумф во денешното коло стигна и екипата на Вардар (2) која го доби мечот со екипата на Работнички. На овој дуел славевме со резултат од 6:2. Македон Симев беше играчот кој ни донесе предност во првите минути од дуелот, за 1:0. Шанса имаше имаше и Работнички, но одбрани нашиот голман. И на овој дуел бевме подобри од пртивникот, и имавме поголем посед на топка. Давид Лоззанов беше играчот кој донесе зголемување на резултатот на 2:0, додека противникот имаше голема прилика, но ја погоди само стативата.

5-2

Откако Чедевски дегажираше од својот гол, топката стигна до Лука Пацески, кој умешно ја смести во мрежата, за наша предност од 3:0. Се обиде и Седлоски, но без реализација. За да биде поинтерсен овој дуел се погрижи Работнички, кој со два брзи гола намали на 3:2, што беше резултат и на полувреме.

6 7

Сепак во вториот дел црвено-црните постигнаа три гола и на крајот стигнаа до убедлив триумф. Два гола во вториот дел за негов хет-трик беа дело на Лука Пацески кој погоди за предност од 5:2, додека конечните 6:2 на овој дуел во последните секунди ги постави играчот со руско потекло, се работи за Данил Диаков, кој ги псотави конечните 6:2 на овој дуел од детската лига.