Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генерација “2004“ го освои младинскиот меѓународен турнир “Фер плеј куп“
Фк Вардар генерација “2004“ го освои младинскиот меѓународен турнир “Фер плеј куп“

Фк Вардар генерација “2004“ го освои младинскиот меѓународен турнир “Фер плеј куп“

Вардаровата генерација, момчиња родени “2004“ го освоија младинскиот меѓународен турнир “Фер плеј куп“ кој се одржуваше во Охрид. Со само еден пораз во групата, избраниците на Филип Арсовски ја поврдија доминацијата во останатите дуели и го освоија првото место. Походот кон нов трофеј, започна со натпреварите во групната фаза, каде црвено црните забележаа две победи и еден пораз.

1 коло: Фк Вардар-Фк Прилеп 2:0

2 коло: Фк Вардар-Академија Пандев 3:0

3 коло: Фк Вардар- Албион 0:2

Следуваа елиминациските мечеви, каде до самиот крај оваа генерација бележеше само триумфи

1/8 Фк Вардар-ОФС Гази баба 4:0

1/4 Фк Вардар-Шумадија(Крагуевац)  2:0

1/2 Фк Вардар-Постолов Пандев(Штип)  2:1

vardarfans 2004 2

Во големото финале, се сретнавме со екипата на Фк Кикер(Краљево), на кој бевме поуспешни совладувајќи ги со резултат 2:0. Поединечните награди во најголем дел ги собраа нашите надежи. За најдобар голман на турнирот во оваа генерација, беше избран Вардаровиот чувар на мрежата Стефан Тасев. За најдобар играч беше прогласен Сандро Каровски, а најдобар стрелец на турнирот во генерација ““2004“ е Вардарецот Георг Стојановски

Уште една наша генерација, момчиња родени “2007„ се натпреваруваа на овој турнир, на кој го освоија второто место. Во финалето беа поразени од екипата на Кикер, со резултат 3:2. Претходно во полуфиналето по изведување на пенали беа подобри од екипата на Тотал гол. Во регуларниот дел резултатот беше 1:1.

vardarfans 2007