Од денес до четврток во спортскиот центар Јане Сандански ќе се игра машкиот дел од турнирот, кој е во организација на ракометниот клуб Вардар. На него ќе учествуваат шест екипи кои ќе бидат поделени во две групи, по три тима. Нашиот шампион ќе игра во група со екипите на Нексе (Хрватска) и Чеховски Медведи (Русија). Другата група ја сочинуваат екипите на Металург, Краснодар (Русија) и противникот на Вардар во ЛШ, Кристијанштад (Шведска). Турнирот ќе започне со дуелот Металург-Кристиjанштад, кој започнува во 18 часот. Веднаш после него, со почеток од 20 часот на теренот ќе излезе нашиот шампион и вицепрвакот на Хрватска, екипата на Нексе. Тимот од Нексе го задржи во најголем дел составот, со кој настапуваше минатата сезона. Единствено кој заминаа се Целеб, Кружиќ, Томас и Ороз. Најголемото засилување е крилото и поранешен репрезентативец Ведран Зрниќ. Тренер е познатиот Здeнко Корди.Хрватскиот преставник играше и на турнирот “Кањижа куп“, чиј победник беа токму црвено-црните. Нексе го освои одличното трето место, откако го побeди тимот на Горење Велење(24:22). Претходно во групата доживеаа пораз од Пик Сегед(22:28), а ја победија репрезентацијата на Саудиска Арабија( 27.21).
За Вардар ова ќе биде прв натпревар во Скопје и својата сала во новата сезона. Ќе имаме можност конечно да ги видиме и новите засилувања кои пристигнаа летово. Овој турнир ќе биде последна подготовка за нашиот шампион, пред почетокот на настапите во сеха лигата. Билети може да набавите и денес на билетарата на Јане Сандански. Натпреварот ќе може да се проследи и преку малите екрани, со директен пренос на МРТ-1. Вардарци се фаворити за освојување на првиот турнир, кој има за цел во следните години да стане традиција на клубот. Бидете во С.Ц.Јане Сандански за поддршка на нашиот ракометен шампион.