Без победник заврши градското дерби помеѓу Вардар и Работнички во младинска конкуренција. Натпреварот се играше на теренот на Алумина и заврши со нерешен резултат 1:1. Стрелец на единствениот погодок за нашиот тим беше Кристијан Апостоловски.
Во средината на првото полувреме, домаќинот на овој меч Работнички прв дојде во водство од 1:0. До крајот на првиот дел, црвено-црните имаа одлична шанса за постигнување на гол но среќата не ги посака. При еден прекин Димков упати центар шут кон голот на противникот, топката со глава ја зафати Ричков која заврши само во пречката.
Во вториот дел дојде до израмнување на резултатот од страна на Апостоловски. Вардар во овој дел од мечот имаше уште една 100% шанса преку Јасир Беќири, кој не успеа да ја затресе мрежата на противникот. Свои шанси за погодок имаа и Работнички, но не ги искористија. Можеби поделбата на бодовите беше најреален исход од овој дерби дуел. Свои прилики и моменти имаа и двете екипи, сепак на крај мораа да се задоволат со по еден бод.
Фото:Тк Медиа