Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Две победи и два нерешени резултати за младинските категории на Фк Вардар, во дербито со Работнички

Две победи и два нерешени резултати за младинските категории на Фк Вардар, во дербито со Работнички

Викендов стартуваше новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Во првото коло противник на сите наши генерации, беше екипата на Работнички. Во дуелите со градскиот ривал беа остварени две победи и два нерешени резултати.

-Помладите пионери во премиерниот настап кој беше и нивни прв официјален натпревар во домашната лига, одиграа нерешено со своите врсници од Работнички. Конечниот резултат беше 1:1, иако на полувреме нашите надежи имаа предност од 1:0. Стрелец на единствениот погодок за Вардар, беше капитенот Кристијан Чурлинов.

-Пионерите успешни на стартот на новата сезона. Со само еден гол го решија победникот во градското дерби. Капитенот Елвир Рамиќ со удар од белата точка, ги донесе првите три бода за својата екипа.

-Со триумф против својот градски ривал, стартуваа и кадетите на Вардар. На гостински терен одиграа добро и забележаа победа со резултат 1:2. Ова е секако голем резултат за оваа генерација, која од новата сезона има нов тренер во името на Влатко Колев. Дамјан Менкиноски и Михаил Геговски погодија за црвено-црните. Голманот Малик Зибери беше јунак, откако одбрани пенал.

-Младинските екипи на Вардар и Работнички одиграа без победник 1:1. Со многу шанси на двете страни и прилики за гол, сепак на крај двата тима ги поделија бодовите. Кристијан Апостоловски беше единстениот стрелец за младинците на Вардар.