Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Стефан Тасев: Ова е успех на целата екипа и тренерот
Стефан Тасев: Ова е успех на целата екипа и тренерот

Стефан Тасев: Ова е успех на целата екипа и тренерот

Изминатиов викенд се играше младинскиот меѓународен турнир “Фер плеј куп“ во Охрид. На него учествуваше и фудбалскиот клуб Вардар со две категории “2004“ и “2007“. Генерацијата “2004“ предводена од тренерот Филип Арсовски го освои првото место на турнирот, со победа во финалето против екипата на Кикер (Краљево). Генерација “2007“ завршија како второпласирани.

По завршување на финалните натпревари, беа доделни наградите за најдобар голман, играч и стрелец во секоја категорија. Во генерацијата “2004“ за најдобар голман беше прогласен Стефан Тасев, кој ги брани боите на Вардар. Стефан е роден на 08.07.2004 година. Започнува да тренира фудбал од својата шеста година, прв негов клуб е Професионал, каде ја добива желбата да биде голман. Ова му е втора сезона во дресот на Вардар, има настапувано и за екипата на Работничи. Негов голем идол е германецот Мануел Ноер.

vardarfans stefan

-На турнирот поминавме одлично. Започнавме со победа уште на првиот натпревар, овој турнир многу значи за мене и екипата. Во сите мечеви примив само два погодоци. Имавме многу добра екипа и ова е успех на целиот тим и добрата стратегија на тренерот Филип Арсовски. Голема благодарност до Еврофудбал-Вардар(Охрид) за гостопримството. Сакам да упатам благодарност и до моите тренери Мутибариќ и Арсовски, за убавие моменти кои ги поминуваме со нив, изјави најдобриот голман на турнирот Стефан Тасев за нашиот сајт.

Звонко Ивановски