Заврши меѓународниот ракометен турнир “Букурешт трофеј“ кој во периодот од 20-23-ти август се одржуваше во Романија. Победник на турнирот е домаќинот ЦСМ Букурешт, кој во финалето беше подобар од актуелниот Европски првак екипата на Будуќност. Жрк Вардар го освои утешното трето место, со победата против Рускиот тим Ростов Дон (33:27). На крајот беше избрана идеалната седморка , како и МВП на турнирот. Андреа Лекиќ беше избрана за најдобар среден бек. Лекиќ беше наша најефикасна ракометарка на сите три натпревари, кои ги одигравме во Романија. Покрај неа во идеалниот тим се најдоа уште:
Мајса Песо (голман)
Елена Авдекова (лево крило)
Драгана Цвијиќ (пикер)
Кристина Неагу (лев бек)
Андреа Лекиќ(среден бек)
Лине Јоргенсен(десен бек)
МВП на “Букурешт трофеј“ е Лине Јоргенсен.