Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Проработе и ”ерменското дуо”
Проработе и ”ерменското дуо”

Проработе и ”ерменското дуо”

По латино – американското дуо на натпреварот со Шкендија, овој пат блесна и ерменското дуо во Вардар. Три ”парчиња” во мрежата на Коруновски ”сервираа” интернационалците од Ерменија.
Најпрвин гол постигна Хамбарѕумјан во 45 минута, кога по едно додавање во шеснаесетникот на гостите. Хамбарѕумјан ниско поземја успеа рутинирано да постигне гол и да се запише во листата на стрелци. Голеадата ја продолжи Дашјан во 55 минута, кој по десната страна од 15 метри биеши силно поземја, и го матираше гостинскиот голман. На Дашјан не му требаше многу за да стигне до нов погодок, во 62 минута Дашјан постигнува уште еден погодок за одлична партија негова денеска.

Поради повреда Хамбарѕумјан не настапи против Шкендија, но се врати со гол на следниот натпревар. Очекуваме и во среда да продожи ова Ерменско дуо со одличен настап, и нови погодоци.

Фото: fkvardar.mk