Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го ”збриша” Нексе
Вардар го ”збриша” Нексе

Вардар го ”збриша” Нексе

Вардарци започнаа триумфално на ”Вардар Турнирот”. Денес надигран беше хрватскиот преставник екипата на Нексе со резултат 36:26 (20:10)
Натпреварот започна фуриозно за нашиот тим, Вардар поведе со 6:0, првиот гол го прими дури во 10 минута, кога резултатот гласеше 7:1, потоа Вардарци само си ја зголемуваа предноста. Во 17 минута резултатот беше 11:5. На полувреме нашиот тим замина со убедливи 20:10 Најефикасен во нашиот табор беше Деревен со 6 погодоци, и Тимур Дибиров со 5 погодоци. Во ова прво полувреме ги видовме новите засилвања во одлично издание. Деревен покажа уште на стартот дека се работи за вистинска гол машина. Исто така и Марсениќ, Македа се покажаа во одлично издание. Манасков, и Циндриќ играа малку во првиот дел. Вреди да се напомене дека Штербик имаше 9 одбрани, со два одбранети седмерци.

Во вториот дел нашиот тим започна во малку поинаков состав, во игра влезе Горбок, Душебаев. Во 36 минута нашиот тим имаше водство од 25:14
Во 42 минута од натпреварот во игра влезе Петар Ангелов, на местото на Арпад Штербик кој забележа 9 интервенции. Потоа во серија влезе Алекс Душебаев кој постигна два погодоци за кратко. Вреди да се напомене дека во 47 минута од натпреварот во игра влегоа сите играчи во црвено – црниот тим, освен Алем Тоскиќ. Во одлична серија влезе Лука Циндриќ, кој постигна четири гола во серија. Во 54 минута нашиот шампион поведе и со убедливи  33:22 Каков цепелин во 54 минута, Лазаров, Брумен, Лазаров за мајсторски гол!
Крај на резултатот, убедлив триумф од 36:26

Најефикасни во нашиот табор беа: Деревен (6) Дибиров (5) Карачиќ (5) Циндриќ (4)