Wednesday ,13 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генерација “2004’ подобри на пријателски натпревар, против Македонија Ѓ.П.
Фк Вардар генерација “2004’ подобри на пријателски натпревар, против Македонија Ѓ.П.

Фк Вардар генерација “2004’ подобри на пријателски натпревар, против Македонија Ѓ.П.

После освоеното одлично четврто место на турнир во Благоевград, избраниците на Филип Арсовски продолжуваат со тренинзи во Скопје и одигрување на пријателски натпревари за одржување на формата, пред почетокот на детската лига. Вчера одиграа подготвителен меч со своите врсници од Македонија Ѓ.П на кој забележаа триумф со резултат 3:6. Натпреварот се играше на теренот во Ѓорче, по 30 минути во едно полувреме. Шест различни играчи на Вардар се запишаа во листата на стрелци. Лука Ивановски, Стефан Стојановски, Марио Ричков, Теодор Перковски, Огнен Здравковски и Димитар Стоимов ја погодија мрежата на противникот.

Ова беше одличен тест натпревар за двете екипи со многу голови, во кој на крај нашите надежи излегоа како победници. Иако Македонија Ѓ.П имаше предност по првите 30 минути со резултат 3:2, во второто полувреме црвено-црните направија целосен пресврт, успевајќи да постигнат дури четири голови за конечен триумф од 3:6. За домашниот тим, стрелци на головите беа: Рогов, Садики и Ѓоргиевски.

vardarfans prijatelski mec

Овој дуел беше интересен и од тренерски аспект, двајцата браќа беа на спротиставени страни. Филип Арсовски предводник на Вардар и  Мартин Арсовски тренер на екипата од Ѓорче. Како победник на крај излези поискусниот и предводникот на нашите надежи.