Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар одигра реми во Боговиње, со овој резултат го губиме врвот на табелата во ПМФЛ
Вардар одигра реми во Боговиње, со овој резултат го губиме врвот на табелата во ПМФЛ

Вардар одигра реми во Боговиње, со овој резултат го губиме врвот на табелата во ПМФЛ

Денес во Боговиње нашиот Вардар гостуваше кај тимот на Ренова на и за жал одигра 0:0, резултат со кој го губиме лидерското место во ПМФЛ од Шкендија. Црвено- црните истрчаа на теренов со следниве 11-сетмина: 28. Пачовски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 14. Велковски, 19. Хамбарџумјан, 16. Глигоров, 20. Николов, 9. Блажевски, 70. Фелипе, 7. Љамчевски, 22. Ивановски.

Мечот почна со почетно испитување на силите и мирна игра на средина од теренот. Вардар во првата третина од полувремето ја има целосната иницијатива и ако не создава посериозна шанса за загрозување на голот на домаќините. Во дваесетата минута слободен удар за црвено – црните топката ја исфрла домашната одбрана пред Фичо да може да го загрози голот на домаќинот. Десет минути подоцна повторно Ивановски за малку “краток“ и не доаѓа до топката во 5-те метри по корисен центаршут испратен од Хоф. Попов во 34 минута со разорен удар стрела кон домашниот гол од над 20 метра, но топката профучува крај дирекот во гол-аут. Вардар и покрај иницијативата мора да се задоволи со реми на полувремето.

Во вториот дел Вардар е решен од Боговиње да замине со 3-бода веднаш уште на почетокот ја презема иницијативата во целост.  За кратко време доделени им се на самиот почеток од второто полувреме  жолти картони на тројца фудбалери во нашиот тим и тоа : Хоф, Филипе и Глигоров. Во 53 слободен удар за Вардар на далечина над 25 метра комбинираат двајца фудбалери и шутира Попов силно, но само во грбот на еден играч на ’“гипсарите“. Во следните 10-15 минути блага иницијатива на вардарци, но без посериозни шанси за погодок. Во 72 минута удар од аголот еден од фудбалерите во црвено- црни дресови скокна највисоко тоа беше Ивановски и со глава стрелаше млако топката мина 1-2 метра покрај левиот дирек. Во 77 минута нафрлена топка мешаница во 16те метри, последен до топката стига Мијушковиќ ја смирува и упатува удар, но за жал само до ногата на еден домашен фудбалер. Во 90 минута поради симулација втор жолт и со тоа и автоматски црвен картон за Асани. До крај за жал само јалова иницијата за водство.