Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата “2004“ на ФК Вардар предводена од Кралевски е есенски шампион во регионалната -скопска лига, со максимален број на освоени бодови
Генерацијата “2004“ на ФК Вардар предводена од Кралевски е есенски шампион во регионалната -скопска лига, со максимален број на освоени бодови

Генерацијата “2004“ на ФК Вардар предводена од Кралевски е есенски шампион во регионалната -скопска лига, со максимален број на освоени бодови

Генерацијата родени “2004“ година на ФК Вардар е есенски шампион во регионалната-скопска лига. Избраниците на Игор Кралевски одиграа десет натпревари во првиот круг на натпреварување, на кои забележаа исто толку победи. Нашите млади надежи беа голгетерески расположени во овој дел сезоната, успевајќи да постигнат дури 44 голови, а примија само 7, односно нашата мрежа се тресеше само на три натпревари, додека на седум натпревари противниците не успеаа да постигнат ниту почесен гол. Најголем отпор во дуелите со Вардар, даде Шкупи кој на својот терен во Чаир беше најблиску од сите останати противници да ни одземе бод, но тоа не се случи, па црвено-црните со максимален број на освоени бодови завршија на првото место на табелата.

727

Ова се сите постигнати резултати на Вардар, во првиот круг на натпреварување.

1 коло: Вардар – Работнички  6:1

2 коло: Вардар – Шкупи  6:2

3 коло: Њу Старс – Вардар  1:4

4 коло: Вардар – Форца  3:0  ( службено)

5 коло: Вардар  – Милано  5:0

6 коло: Скопје – Вардар 0:2

7 коло: Вардар – Шкендија  1:0

8 коло: Работнички – Вардар  0:8

9 коло: Шкупи – Вардар  3:4

10 коло: Вардар – Њу Старс  5:0

Оваа генерација на Вардар  ќе игра и во полуфиналето на купот, откако ги помина првите две пречки во ова натпреварување. На еден натпревар одигран на теренот на Академијата во осминафиналето го исфрливме тимот на Пелистер, додека на двомечот со кумановчани триумфиравме со вкупен резултат од 9:1

1/8 куп: Вардар – Пелистер  7:0

1/4 куп: Милано – Вардар  1:1

1/4 реванш: Вардар – Милано  8:0

Што се однесува до листата на најдобри стрелци , неа ја предводи кој друг ако не капитенот Георг Стојaновски кој успеа да постигне 16 голови, а треба да се напомене дека пропушти четири натпревари во лигата поради повреда. Вкупниот број на голови е во двете натпреварувања ( лига и куп). Вака изгледа листата на стрелци во овој дел од натпреварувачката 2017/18 сезона:

1325

1. Георг Стојановски  16

2. Никола Павлески  9

3. Сандро Каровски  9

4. Горазд Попов  6

5. Димитар Стоимов, Бесар Гуџуфи, Филип Јовановски  по 3 постигнати голови

6. Давид Љушев  2

7. Никола Анчевски, Теодор Перковски, Давор Серафимов, Матеј Богдановски, Левент Ибраим по 1 погодок.

Да не го заборавиме ниту голманскиот тандем, Гигов-Ангелов, како и последната дефанзивна линија, Анчевски, капитенот Јаневски, Милошевски и Љушев, кои имаат голем придонес во остварените резултати на оваа генерација.

vardarfans-12-660x330

Како што напоменавме на табелата Вардар е прв со 30 освоени бодови, додека на второто место е Милано кој има 25, но и натпревар повеќе од нашиот состав. На третото  четвртото место се екипите на Шкупи и Њу Старс, кои имаат по 23 односно 22 бодови ( но и два натпревари повеќе од Вардар). Минатата сезона, тренерот Кралевски ја направи шампионска генерацијата “2005“ на ФК Вардар во детската лига, а дали е на повидок повторување на успехот и со една година повозрасните Вардарци, остануваме да видиме на крајот од сезоната.

1023

Ова се играчите кои настапуваат за оваа генерација на Вардар: Горазд Гигов, Игор Јаневски, Давид Љушев, Максим Милошевски, Никола Анчевски, Давор Серафимов, Горазд Попов, Исмет Хајдари, Никола Павлески, Сандро Каровски, Димитар Стоимов, Георг Стојановски, Бесар Гуџуфи, Марио Сурлов, Филип Јовановски, Стефан Стојановски, Теодор Перковски, Левент Ибраим, Наум Ангеловски, Лука Ивановски.