Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лука Циндриќ: Честитки до моите соиграчи на одличната полусезона, каде се уште сме без пораз во СЕХА и Лигата на Шампионите
Лука Циндриќ: Честитки до моите соиграчи на одличната полусезона, каде се уште сме без пораз во СЕХА и Лигата на Шампионите

Лука Циндриќ: Честитки до моите соиграчи на одличната полусезона, каде се уште сме без пораз во СЕХА и Лигата на Шампионите

На најдобар можен начин ја завршивме годината во која доминиравме во сите натпреварувања. Вардар триумфираше и на последниот меч оваа година, на гостувањето кај екипата на Горење Велење со резултат од 24:30. На тој начин стигнавме до 11 последователна победа и може да се каже дека веќе обезбедивме ново учество на завршните турнири во СЕХА-лигата. Во триумфот против вицешампионот на Словенија, најефикасни беа Лука Циндриќ и Хорхе Македа, кои постигнаа по 7 голови. За официјалниот сајт на СЕХА-, Циндриќ ги искажа своите впечатоци од триумфот.

-Очекувавме тврд натпревар, како и што се покажа на овој дуел. Сметам дека Горење е една добра екипа, пред се кога игра на домашен терен пред својата публика. Како и секој претходен меч, така и овој го сфативме многу сериозно и целта секако ни беше да победиме и да го задржиме првото место на табелата. Треба да им се честита на моите соиграчи на одличната полусезона, каде се уште сме без пораз во СЕХА и Лигата на Шампионите. Се надевам дека така ќе продолжиме и во новата година.