Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите и кадетите на РК Вардар тргнаа за Брчко, каде ќе бидат дел од турнирот “Локомотива куп 2017“
Пионерите и кадетите на РК Вардар тргнаа за Брчко, каде ќе бидат дел од турнирот “Локомотива куп 2017“

Пионерите и кадетите на РК Вардар тргнаа за Брчко, каде ќе бидат дел од турнирот “Локомотива куп 2017“

Во периодот од 15-17-ти декември две генерации на ракометниот клуб Вардар ќе бидат дел од силен меѓународен турнир “Локомотива куп 2017“ кој ќе се одржува во Брчко, Босна и Херцеговна, а на кој ќе настапат новата генерација на РК Вардар-пионерите и кадетите предводени од Андријана Будимир. Тие утрово тргнаа и веќе се на пат за Брчко, каде утре ги започнуваат своите мечеви. Се работи за еден од најсилните турнири кои се организират на Балканот, на кој се најавени екипи како Веспрем, ПСЖ, Загреб, Целје, Пик Сегед, Татран, Партизан, Борец и многу други.

bu

Кадетскиот состав на ракометниот клуб Вардар минатата година настапувајќи како пионери се пласираше на 9.место на Меѓународниот ракометен турнир „Локомотива куп- 2016″ кој се играше во Брчко- Босна и Херцеговина. Најпрвин организаторот ги информираше нашите пионери дека играат 1/4-финале, сепак неколку часа подоцна со оправдување дека направил грешка во броењето, не рангираа на третата позиција во групата и наместо за медали, игравме за пласман за 9. место. Сега се надеваме на поинаква ситуација и вмешување во борбата за еден од меалите, со оглед дека оваа генерација преводена од Андријана Будимир е веќе созреана за високи дострели. Тие на турнирот се во група со екипите на Партизан, Спачва и Борац.

Ова се ракометарите кои ги бранат боите на Вардар во оваа генерација (кадети): Леонид Чорогунов, Давид Стојкоски, Симон Калајџиски, Дамјан Димитријевски, Марио Мишевски, Благој Димчевски, Дамјан Србиновски, Бојан Чакалиќ,Никола Жерновски, Борис Павловски, Давид Мирчевски, Давид Савревски, Велимир Грујовски, Горјан Трајчевски, Андреј Трајановски, Кристијан Ташевски, Антонио Пешевски.

d2

Пионерите, нова генерација на РК Вардар составена од ракометари родени 2004/05 година ќе дебитираат на меѓунароните турнири и ова за нив ќе биде прво големо искуство надвор од Македонија. Екипата ја сочинуваат играчи кои настапуваат во “Јуниор“ лигата, а се селектирани за настап во Вардар, каде се препознаени како потенцијални и квалитетни од страна на стручните лица во клубот. На турнирот нивен предвоник ќе биде Никола Бисинов, а црвено-црните ќе бидат во група со екипите на Загреб, Тримо Требње, Извиѓач и Касано од Италија.

Ова се ракометарите кои ќе настапуваат за пионерите на турнирот во Брчко: Никола Спасовски, Илија Велковски, Марјан Гочев, Антони Андовски, Иле Табаков, Кирил Симоновски, Марио Стојановски, Давид Славевски, Христијан Петковски, Андреј Петрушевски, Ѓорѓи Спасовски, Петар Колевски, Александар Стојменов, Стефан Ристевски, Мартин Сипковски и Матеј Трајановски.