Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генерација “2005“ со две победи ја започна детската лига
Фк Вардар генерација “2005“ со две победи ја започна детската лига

Фк Вардар генерација “2005“ со две победи ја започна детската лига

Вчера стартуваше новата сезона во детската лига, со натпревари од првото коло. Свој настап имаше и генерацијата на Вардар, фудбалери родени “2005“ кои стартуваа со две победи во лигата. Екипата е поделена во два тима и двете ќе се се натпреваруваат во детската лига.

Најпрво Фк Вардар (1) генерација “2005“ го својот натпревар со службен резултат 3:0, против екипата на Албарса 2 од Чаир. Причина за службениот резултат, е непристигнувањето на противникот на овој дуел.

vardarfans 2005

Фк Вардар (2) генерација “2005“ забележаа убедлива победа против првиот тим на Албарса. Конечниот резултат гласеше 5:1 за Вардаровите момци. На полувреме имавме минимална предност од 2:1. Во второто полувреме постигнавме уште три гола во мрежата на противникот, за конечни 5:1 на овој дуел.  Стефан Наумовски постигна два гола, по еднаш во листата на стрелци се запишаа Филип Крстиќ, Андреј Петровски и Петар Пројковски. Оваа генерација ја предводи Зоран Петковски. Сите мечеви од детската лига се играат на терените на фудбалската федерација на Македонија. Секоја натпревар се игра по 20 минути, во едно полувреме. Веќе од денес Вардаровите генерации родени “2004“ и “2005“ заминуваат на меѓународен турнир во Штип. Учество на турнирот ќе земат вкупно десет екипи, а нашите генерации се најголеми претеденти за освојување на истиот.