Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Мартин Димов: Игравме на ниво какво што посакувавме, а резултатот сам си дојде на свое место.
Мартин Димов: Игравме на ниво какво што посакувавме, а резултатот сам си дојде на свое место.

Мартин Димов: Игравме на ниво какво што посакувавме, а резултатот сам си дојде на свое место.

Екипата на Вардар 2 ја забележа втората победа во првата ракометна лига. Вчера се одигра натпревар во рамките на второто коло во С.Р.Ц. Кале, против екипата на Тиквеш од Кавадарци. Избраниците на Стојан Петрушевски уште еднаш ја покажаа својата сила, моќ и квалитет кој го поседуваат. Без поголеми проблеми високо го поразија противникот со двоцифрена разлика и впишаа нови бодови во оваа лига. Конечниот резултат гласеше 42:20. Најефикасни во нашите редови беа Мартин Димов кој постигна 8 голови, Томи Јагуриновски додаде 7. Стефан Трпчевски стрелец на 6 и Тоше Ончев кој додаде 5 голови. Своите впечатоци од овој натпревар за нашиот сајт ги сподели токму најдобриот стрелец.

-Натпреварот помина во најдобар ред, уште од самиот почеток направивме разлика која истата се одржуваше и зголемуваше се до крајот на натпреварот. Игравме на ниво какво што посакувавме, а резултатот сам си дојде на свое место.

Ова е одличен почеток за оваа екипа која има на стартот две победи од исто толку одиграни мечеви. Минатата сезона се натпреваруваа во младинска конкуренција.

-Почетокот на лигата е добар за нас, во која забележавме две победи. Ова натпреварување е посилно за разлика од мината сезона кога игравме во младинското првенство. Сепак ова за нас е плус искуство, бидејќи играме со повозрасни и поискусни екипи, изјави Мартин Димов за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски