Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Марко Ѓорѓиевски: Целиот тим е заслужен за оваа голема победа
Марко Ѓорѓиевски: Целиот тим е заслужен за оваа голема победа

Марко Ѓорѓиевски: Целиот тим е заслужен за оваа голема победа

Пионерите на Фк Вардар ја остварија петтата победа во првенството, откако го победија тимот на Шкупи на гостински терен. Мечот беше решен со гол уште по првото полувреме, конечниот резултат гласеше 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Марко Ѓоргиевски. Ова се важни три бода за оваа генерација, со оглед дека се освоени од тешкото гостување на терен кој е секогаш незгоден за противникот. Сепак момците покажаа како треба да се игра од срце за клубот и да се бранат црвено-црните бои. Најдобриот стрелец за пионерите, Ѓоргиевски е среќен што неговиот тим победил на овој дуел.

-Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, важно е што бевме сигурни во себе и излеговме храбро на теренот. Среќен сум што го постигнав единствениот гол за победа, но тоа е заслуга на моите соиграчи. Сите сме заслужни со својот придонес на теренот за оваа голема победа. Имавме уштге неколку шанси за гол и удари, но тие завршија во рацете на противничкиот голман, изјави Марко Ѓоргиевски за нашиот сајт.

Фото: ТК Медиа

Звонко Ивановски