Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Фк Вардар ја потврдија доминацијата во Чаир
Пионерите на Фк Вардар ја потврдија доминацијата во Чаир

Пионерите на Фк Вардар ја потврдија доминацијата во Чаир

После триумфот на помладите пионери, својата доминација на теренот во Чаир ја потврдија и нивните колеги од пионерската екипа. Нашите пионери ги однесоа трите бода од гостувањето, победа која многу ќе им значи во продолжение од сезоната. Натпреварот заврши со резултат о:1. Стрелец на единствениот погодок беше Марко Ѓоргиевски.

Мечот помина во најголем дел со игра на средината на теренот. Имаше период кога и двете екипа имаа свои шанси и посед на топка. Сепак во поголем дел беше на наша страна. За разлика од противникот кој имаше само една стопроцентна шанса за погодок, нашите пионери во таква ситуација се најдоа дури три пати. Уште во првото полувреме беше поставен конечниот резултат на овој дуел, кога погоди најдобриот стрелец за Вардар, напаѓачот Марко Ѓоргиевски. Покрај тоа имавме поништено и еден погодок.

Избраниците на Сашо Тодоровски одиграа многу борбено, оставајќи го срцето на терен. Ова е вкупно петти триумф за оваа генерација во првенството од шест одиграни натпревари. Во купот веќе се пласираа во 1/4 рунда каде го очекуваат следниот противник. Успешен ден за нашите млади момчиња, кои забележаа две значајни победи на тешкото гостување во Чаир.