Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Деан Бомбач за Вардар Фанс: Вардар ги има едни од најдобрите навивачи во свет
Деан Бомбач за Вардар Фанс: Вардар ги има едни од најдобрите навивачи во свет

Деан Бомбач за Вардар Фанс: Вардар ги има едни од најдобрите навивачи во свет

Утре не очекува првиот домашен натпревар во новата сезона на лигата на шампионите. Екипата на Рк Вардар за противник во второто коло, го има тимот на Пик Сегед. Унгарскиот вицепрвак доаѓа во Скопје, после победата на свој терен против Полскиот Киелце. Не очекува интересен дуел, двете екипи најавуваат голема броба за секоја топка и максимално залагање. Еден од најдобрите играчи во Пик Сегед, словенецот Деан Бомбач за нашиот сајт ги споделува своите очекувања од овој дуел.

-Очекувам тежок натпревар, на кој Вардар е фаворит поради играњето на домашен терен. Имате силен состав, со многу добри играчи. Исто така добра публика и ќе биде најверојатно добар натпревар за гледање.

Словенскиот репрезентативец вели дека добро е кога една екипа има навивачи како Вардаровите.

-За мене Вардар ги има едни од најдобрите ракометни навивачи во свет. Добро е за секоја екипа кога има ваква публика, која прави неверојатно атмосфера. Вистинско уживање е кога се игра пред таква публика, изјави Деан Бомбач за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски