Младинците на Фк Вардар им се вратија на победите во првенството. Денес се одигра 6 коло, помеѓу младинските екипи на Вардар и Шкупи. Поуспешни беа црвено-црните забележувајќи победа со резултат 3:0. Стрелци на головите беа Јасир Беќири, Виктор Димков и Ердон Даци.
Сосема заслужена победа за нашите младинци, на теренот на Локомотива. На овој меч избраниците на Љупчо Марковски го покажаа своеото вистинско лице, одигрувајќи квалитетен меч. Иако имавме доминација од почетокот на натпреварот, првиот гол во мрежата на противникот се случи пред крајот на првото полувреме. Шкупи имаше контра, која нашите дефанзивци успешно ја отстранија од својата половина, на спротивната страна се создаде брз контра напад за Вардар. Виктор Димков беше во улога на асистент до Беќири кој излезе сам со противничкиот голман и биеше во небранетиот агол. Со резултат од 1:0 се замина на полувреме.
Во вториот дел црвено-црните продолжија со својата препознатлива игра и нападите кон голот на Шкупи, кој беше немоќен да стори нешто посериозно. За одбележување се само 2 полу-прилики за тимот од Чаир да го загрози нашиот гол, кој поминаа безуспешно. Филип Трајчевски и на овој меч остана несовладан. Се играше некаде средина на вториот дел, кога зголемивме на 2:0 преку Ердон Даци. Со овој погодок го откажавме противникот, кој до крајот одигра колку да не прими повеќе погодоци. Судбината им ја запечати на пет минути пред крајот Димков, кој зголеми на 3:о и го постави конечниот резултат. На погодокот претходеше акција, при која еден од играчите на Вардар биеше кон голот, голманот ја одби топката, на неа наиде Димков кој стрелаше во мрежата.
Фк Вардар (младинци): Трајчевски, Ричков, Исмаил, Цукалевски, Јошевски, Личина, Димитровски, Додевски, Димков, Беќири и Даци.