Фудбалскиот клуб Вардар на својата официјална страница излезе со објава која ви ја пренесуваме во целост.
Со големо задоволство ја најавуваме првата прес-конференција која ќе се одржи во тренинг кампот на ФК Вардар, во сабота (07.10.2023) од 12:00ч.
На прес-конференцијата ќе се обратат шефот на стручниот штаб Александар Васоски и капитенот на екипата Дарко Мицевски, кои ќе дадат свои мислења и прогнози, за претстојниот натпревар против екипата на Шкендија.
Покрај тоа, на прес-конференцијата ќе бидат промовирани и новите дресови на ФК Вардар, кои наскоро сите навивачи ќе можат да ги купат.
Борбата за Вардар продолжува!
Во недела – одиме на победа!