Рутинска победа за РК Вардар на натпревар од 5.коло во Супер Лигата, против екипата на Вардар Неготино. Црвено-црните ја оправдаа фаворитската улога и немаа никакви проблеми околу обезбедувањето на нов триумф. Во малата сала на СЦ.Јане Сандански, Вардар го победи Вардар Неготино со резултат 35:19.
Од самиот старт, Вардар беше во предност, која ниту во еден момент не беше загрозена. На полувреме се замина со водство од 17:9, за во вториот дел разликата континуирано да се зголемува,
Ален Ќосевски и Матија Николиќ имаа по 6 голови, додека одличен на голот беше младиот Васил Гогов, кој натпреварот го заврши со 15 одбрани.
Ова беше петта победа во серија за Вардар во домашното првенство.