Фудбалскиот клуб Вардар одржа прес-конференција на која беше презентирана акцијата “Купи сезонски билет”.
До овој период се продадени некаде 500 сезонски билети за натпреварите на ФК Вардар во ПМФЛ кои ќе ги игра на градскиот стадион. Се очекува да акцијата да го достигне врвот и да се соберат околу 500.000 евра кои ќе се искористат за функционирање на кубот.
“Вардар е клуб на народот и народот има право да знае што се случува, а нашата битка за спас трае буквално три години, пред нешто повеќе од две продадовме 33.381 билет во најголемата акција со која сакавме да дадеме време за Вардар да преживее. Сметката е блокирана од 2018 година, сега повторно сме во акција за спас и сега ни е поддржата од народот и тоа како потребна. Зад Вардар веќе застанаа 12 општини и градот Скопје Оваа акција што ја спроведуваме е продолжение на таа од пред две години, со таргет десет пати поголем. Сакаме да покажеме дека сѐ е можно, да видиме колку сме, да видиме колку Скопје го сака Вардар. Веруваме дека може да се продадат сезонските и да инкасираме над 500.000 евра. Заедно да покажеме како се сака клубот на народот“изјави Милорад Миленковски.
“Сега е време да се видат вистинските вардарци. Сигурен сум дека акцијата ќе биде успешна.“ истакна Филип Гачевски.
Вардар очекува и поддршка од 12 градски општини, како и од градот Скопје. Од ноември 2018-тата година сметката на клубот е блокирана.
Сезонските карти можат да се набават на следниот линк.