ЖРК Вардар сакаа да го прошират своето семејство со нови генерации, и сериозно да се зафатат со анимирање на помладите, особено оние родени 2010 па и помлади и да ги вклучат во светот на ракометот. Тоа ќе биде и почеток на функционирање и на ракометни школи под капата на ЖРК Вардар.
Во тимот на ЖРК Вардар веќе се вклучени неколку македонски ракометни легенди, почнувајќи од Гордана Нацева која е претседател на клубот, па Индира Кастратовиќ, Анжела Платон, Маја Папуџиева. Тренер на сениорките и младинките е Александар Царчев. Општината Аеродром ќе биде базата на тимот.
Со тие млади генерации под патронат на ЖРК Вардар ќе работи Даниела Новеска, поранешката репрезентативка на Македонија и некогаше член на Кометал ЃП. Своето искуството од играњето сега сака да им го пренесе на помладите и да ги насочи правилно во ракометната игра. Таа покрај во Партизан Кичево, Еуростандард ЃП и Кометал ЃП играше и во Вировитица (Хрватска), Турингер и Бломберг (Германија), кко и во Металург.
Веќе се во тек и уписите во школата на ЖРК Вардар, по што ќе има и селекција за оние што се родени 2008 година со цел да бидат дел од пионерското првенство на Македонија.
Сите заинтересирани за дополнителни информации во врска со уписите и термините можат да се обратат на следните контакти:
телефон: 078 299 943
e-mail: noveskadaniela@gmail.com