Фудбалскиот клуб Вардар ги кани медиумите на прес-конференција, која ќе се одржи утре.
Со особена чест и задоволство сакаме да ве известиме дека, по подолго време Фудбалскиот Клуб Вардар, повторно го ‘реинкарнираме’ како “Клуб на Народот”.
Повторно како во старите добри времиња, Вардар го доближуваме до своите навивачи, симпатизери, семејството. Следењето на натпреварите на нашиот Вардар, повторно се враќа на картата на неделните случувања во скопскиот репертоар.
Веќе ја започнавме акцијата за продажба на членски карти денес, симболично во 19:47ч., и ја ажурираме базата на навивачи на ФК Вардар, со цел да видиме колку не има, вљубеници во црвено – црните бои.
По овој повод, и по повод новиот пристап кон јавноста, со ставање акцент на траспарентноста на клубот, како нова енергија во клубот, ве повикуваме утре (Среда, 05.07) од 12:00ч на ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА во просториите на Кино Кисела Вода, каде ќе бидат презентирани деталите на акцијата.